Македонски народни песни/ Бог да бие Русе твојта мајка
Изглед
(Пренасочено од Бог да бие Русе твојта мајка)
Бог да бие Русе твојта мајка е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Бог да бие Русе твојта мајка
- Бог да бие Русе твојта мајка
- твојта мајка Русе, Ангелина. [2х]
- Што не те дават Русе за Џоџета
- за Џоџета Русе од Филевци
- тук ми те дават Русеза Наумета
- за Наумета Русе, од Банџовци.
- Неќум го Русе мори тој Наумета
- тој ти сакат Русе многу пари
- само Џоџе Русе пари нејќи
- само тебе Русе ми те сакат.
- Бог да го ј'убил Русе тој Никола
- тој Никола Русе, резилето
- што му дават Русе голем фурсат
- да те грабит Русе наполноке
- со дебрани Русе, велештани
- полојката Русе, охриѓани.
- Џоџе врви џанам со кајчето
- Русе седи џанам на масчето
- сал си веслат Џоџе, песна пеит
- песна пеит Русе се за тебе
- никој око Русе не му клава.
- Таксај мајко, таксај
- што ќе таксаш
- на Илија мајко, жолти чевли
- на Климета мајко, шал кошула
- на Парета мајко, таки френски
- на Ташета мајко, рало гашти
- а на Џоџета мајко, тарапанци
- Ќе те носит Русе, Свети Наум
- тамо Џоџе, Русе ќе те венчат
- и на гробот Русе ќе си легни
- белким умот Русе ќе му дојди
- дал' ќе му дојди Русе
- ил ќе му излези.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |