Прејди на содржината

Бог да бие Наумчето

Од Wikisource
Бог да бие џанам Наумчето
што ми стана Наум утро рано [х2]
утро рано Наум во Недела.
Па си спрема Наум брза коња
па си тргна Наум за Битола.
На пат сретна џанам бела чешма,
до чешмата една стара баба.
Ќе те прашам бабо да ми кажеш
дал је жива бабо твојта внука, [х2]
твојта внука бабо, лична Евда?
Штом ме праша синко ќе ти кажам
мојта внука синко се посврши, [х2]
се посврши синко во Битола
во Битола синко, Баир маало.

Поврзано

[уреди]