Бог да биет дебрани
Изглед
- Бог да биет дебрани,
- бог да убиет дебрани.
- Дебрани долно граѓани,
- дебрани долно граѓани.
- Што настанаје аздии,
- што настанаје аздии,
- по таја река Радика,
- по тије села рисјански.
- Грабиле што ми грабиле,
- грабиле што ми грабиле
- и едно невевче земале,
- и едно невевче земале.
- Оделе што го воделе,
- оделе што го воделе,
- младо невевче по страна,
- младо невевче по страна.
- Невевче лично, калешо,
- да не ти тежит рувото,
- или ти тежит ѓерданот,
- или ти тежит ѓерданот?
- Нити ми тежит рувото,
- нити ми тежит рувото,
- нити ми тежит ѓерданот,
- нити ми тежит ѓерданот.
- Тук' ми е жал за лудото,
- тук' ми е жал за лудото,
- кога го вие колевте,
- кога го вие колевте.
- Кога го вие колевте,
- кога го вие колевте,
- право во мене гледаше,
- крвави солзи ронеше