Блазе тебе Митро

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Блазе тебе мори Митро
што татко си имаш,
ајде, што татко си имаш.
Што ти е направил Митро,
сред село меана,
ајде, сред село меана.
Точи, точи мори Митро
вино, ем ракија,
ајде, вино ем ракија.
Кога ќе се вратам Митро,
скапо ќе ти платам,
ајде, скапо ќе ти платам.
Сè жолти жолтици Митро,
на гуша да носиш,
ајде, на гуша да носиш.

Поврзано[уреди]