Благуњо дејче, пожаранче

Од Wikisource

Благуњо дејче, пожаранче е тетовска староградска песна. Ја опишува неостварената љубов на тетовецот Аце кон убавицата Благуња, родум од гостиварското село Пожаране.

Благуно дејче, мори, пожаранче;
Отвори ми џамли пенџер,
Сакам да те видам јас.

Деј гиди, Аце, море аџамијо;
Што да ти отворам пенџер
Кога не те сакам јас?

Благуно дејче, мори, пожаранче;
Ја подај си руси коси,
Сакам да ги мрсам јас.

Деј гиди, Аце, море аџамијо;
Што да давам руси коси
Кога не те сакам јас?

Благуно дејче, мори, пожаранче;
Ќе продадам сарај куќа
Само да те земам јас.

Деј гиди, Аце, море аџамијо;
Не продавај сарај куќа,
Тебе не те сакам јас.
Јас си имам друго либе,
Него си го сакам јас.

Поврзано[уреди]