Битка се бие кумановско поле

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка се бие кумановско поле,
битка неравна.
Пелинце ми гори, Пчиња жално плаче,
матна и крвава.
Карпуш војвода со Димче Еребица,
Менков и Фетакот,
собраја дружина, млада убавина,
душман да истерат.
Ми згрмеја пушки, ми паднаја мушки,
младите херои.
Душмани клети покажаја пети,
дојде красна слобода.

Извор[уреди]