Билјане моме убаво

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Билјане моме убаво,
на сон те браќа водиле.
На сон те браќа водиле
во таја града Костура.
Билјане моме убаво,
качи се горе на чардак.
Качи се горе на чардак,
разгледај долу на поле.
Ах мори мајко, мајчице,
оздола идат ветрови.
Оздола идат ветрови,
ветрови, бури, ратови.
Билјане моме убаво,
не ми се бури, ветрови.
Не ми се бури, ветрови,
тук' ми се силни сватови.
Ах мори мајко, мајчице,
жива ќе лежам во гроба.
Жива ќе лежам во гроба,
Костурско момче не земам.

Поврзано[уреди]