Прејди на содржината

Билбил рано пее

Од Wikisource
Ајде да си речиме една песна,
многу гласовита.
Еднаш мајка јунак раѓа,
оној ми е билбил,
билбил рано пее,
пее во мај месец.
Ајде да си речиме уште еднаш,
да се сторат два пати,
две очи мома има...
Ајде да си речиме уште една,
да се сторат три пати,
три на крст пирустија...
Ајде да си речиме уште една,
да се сторат четири пати,
четири моми на орото...
Ајде да си речиме уште една,
да се сторат пет пати,
пет прсти рака има...
Ајде да си речиме уште една,
да се сторат шест пати,
шест месеци пол-година...
Ајде да си речиме уште една,
да се сторат седум пати,
седум дена во недела...

Поврзано

[уреди]