Македонски народни песни/ Ај што ми е мило ем драго
Изглед
(Пренасочено од Ај што ми е мило ем драго)
Ај што ми е мило ем драго е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Ај што ми е мило ем драго
- Ај што ми е мило ем драго
- млада партизанка да станам.
- Збогум и проштевај роде мој
- јас отидов во бој, бој, бој.
- Млада партизанка да станам
- во Пелистерска планина
- кај дванаесет кладенци.
- Збогум и проштевај роде мој
- јас отидов во бој, бој, бој.
- Таму си клетва зедовме
- со фашисти да се биеме
- слобода да добиеме.
- Збогум и проштевај роде мој
- јас отидов во бој, бој, бој.
- Слобода да добиеме
- за нашта Македонија.
- Збогум и проштевај роде мој
- јас отидов во бој, бој, бој.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |
Надворешни врски
[уреди]- „Ај што ми е мило ем драго“, pesna.org