Ајде што ти текна да побегнеш
Изглед
- Ајде што ти текна да побегнеш
- на сабајле во зорите,
- ајде на сабајле пред зорите
- уште петли не пропеани?
- Ајде дали куќа не бендиса
- или свекор или свекрва? [х2]
- Ајде куќата е мошне арна
- свекорот е кротко јагне,
- ајде свекорот е кротко јагне,
- а свекрва лута змија.
- Ајде кабаетот е во момчето
- мома легни мома стани. [х2]