Македонски народни песни/ Ајде слушај, слушај, Калеш бре Анѓо

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо,
што тамбурата свири.
Тамбурата свири, калеш бре Анѓо,
анама да бидиш.
Анама да бидиш, калеш бре Анѓо,
на чардак да седиш.
На чардак да седиш, калеш бре Анѓо,
жолтици да броиш.
Жолтици да броиш, калеш бре Анѓо,
бисери да нижиш.
Бисери да нижиш, калеш бре Анѓо,
на грло да редиш.
Ајде, слушај, слушај клето бре Турче,
анама не бивам.
Анама не бивам, клето бре Турче,
турски не разбирам.


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Во изведба на Виолета Томовска