Прејди на содржината

Ајде налутил се турскиот паша

Од Wikisource
Ајде налутил се турскиот паша,
од Панаѓуриште.
Ајде ми повикал деветмина Турци
Турци разбојници/јаничари.
Одете фатете ја, жива донесете ја,
Рајна поп Ѓорѓиева.
Ниту да ја колите, ниту да ја бесите,
жива донесете ја.
Сакате колете ме, сакате бесете ме
јас сум војводата,
јас сум војводата Рајна поп Ѓорѓиева
јас го сошив бајракот.
Јас го сошив бајракот и му турив знакот:
„Смрт или слобода“,
смрт или слобода за Македонија
земја поробена.

Поврзано

[уреди]