Прејди на содржината

Ајде вино пијам

Од Wikisource

Ајде вино пијам

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Ајде вино пијам, леле вино пијам
непара го пијам леле, леле, непара го пијам.
Ајде на ракија леле, на ракија
мошне сум мераклија леле, леле, мошне сум мераклија.

Ајде коња јавам, леле коња јавам
коњче аџамија, леле, коњче аџамија
море јас го терам, леле јас го терам
на студен кладенец леле, леле на студен кладенец.

Ајде тој ме носи, леле тој ме носи
на момини порти леле, леле на момини порти.
Ајде пусти порти, леле пусти порти
тешко затворени леле, леле тешко затворени.

Ајде не сум пиле, леле не сум пиле,
порти да прелетам леле, леле порти да прелетам,
ајде не сум змија леле, не сум змија
здола да се проврам леле, леле либе да си видам.


Поврзано

[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.