Македонски народни песни/ Ајде Милке да бегаме
Изглед
(Пренасочено од Ајде Милке да бегаме)
- Ајде Милке да бегаме,
- Наше село Малешево
- Милкано, мори моме убаво
- Наше село Малешево
- Од три страни сонце грее,
- Од три страни сонце грее
- Од четврта-месечина
- Милкано, мори моме убаво
- Наше село Малешево
- Три пати се жетва жнее
- Три пати се жетва жнее
- Два пати се грозје бере
- Милкано, мори моме убаво.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |