Ајде Марике, Лазар да пејме

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајде Марике, Лазар да пејме, Лазар да пејме!
Чикајте ма пучикајте мои другарки,
дур да си дојде мајка ут пазар,
мајка ут пазар, татко ут Солун.
Они ќе донцат ново фустанче,
лустрени папучки, бели чирепки,
шантар шамија, шантар шамија,
Тога ќе дојдам Лазар да пејам,
Лазар да пејам, Лазар да пејам.

Поврзано[уреди]

Забелешка[уреди]

  • Оваа песна е од Воденско.