Ајде Лено да ојме

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајде Лено д' ојме
долу на сред село,
долу на сред село,
собор се собрало.
Таму се собрале
и стари и млади,
оро заиграле,
песни запеале.
Среде во орото,
нашето овчарче,
како је дувало,
таја пуста гајда.
Сите девојчиња
играат и пеат,
убавата Цена
ни игра, ни пее.

Поврзано[уреди]