Ацано млада невесто

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ацано млада невесто,
што доцкан седиш на порта,
нели те тебе срамота?
Ми поминуваат еснафи,
ем тија пусти вебаи,
ем тија чапкан касапи.
Со око ти намигнуваат,
со глава ти навртуваат,
ќе ми те тебе прелажат.
Дејгиди, Ѓорѓи будала,
што ако с' око намигнуват,
нели те тебе пречекувам?
Што ако с' глава навртуват,
нели те тебе пречекувам?

Поврзано[уреди]