Ах море мажу

Од Wikisource
Ах море мажу, мил домаќин,
јас ќе ти умрам.
Ах мори жено, жалба ми падна,
кажи што ти се стори?
Ах мори жено, жалба ми падна,
кажи што ти се јаде?
Мене ми се јаде пресна погача,
шо невеста месила.
Мене ми се јаде печена кокошка,
уште не пронесена.
Мене ми се пие тригодишно вино,
три пати преточено.
Јас ти слегов долу во избата,
каде стојат дрвата,
па си зедов една суровица,
уште недокастрена,
десет пати удри, еднаш брои,
уште недокастрена.
Еве ти жено пресна погача,
шо невеста месила.
Еве ти жено печена кокошка,
уште не пронесена.
Еве ти жено тригодишно вино,
три пати преточено.

Поврзано[уреди]