Прејди на содржината

Анушо бело црвено на рида ти е градина

Од Wikisource

„Анушо бела,црвена,на рида ти е градина“

од Македонско народно творештво
пеел Симеон Гугуловски од село Галичко 1956 година.

Македонски народни песни


Анушо бела црвена,
На рида ти е градина.
На рида ти е градина.
На сува рида без вода.

На сува рида без вода,
Секаквоно цвеќе садена(2пати)
Од качун колје градена.

Тук ми помина чобанче,
Сиво си стадо тераше.
И си посака цвеќенце.

И си посака цвеќенце
Кога ќе се вратит да платит,
На секој корен млад овен,
на секоја ќитка овчичка.[1]


Наводи

[уреди]
  1. Соборски народни песни, стр.121 Васил Хаџиманов 1964 год.


Надворешни врски

[уреди]