Алија со тамбурата

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
А бре, Алија море, делија [x2]
ни татко имаш Али, ни мајка
само една пуста, џанам, тамбура.
Што е ова чудо Али со тебе,
цело село викат Али по тебе?
Цело село викат Али по тебе [x2]
дека си ги мамел Али момите
и калешите, џанам, невести.
И калешите, џанам, невести,
и тие сироти вдовици.
Цело село чинит џанам давија,
давија џанам кај кадијата.
Кадијата ми го Али повика
и почна кадијата да судит.
И почна кадијата да судит,
Алија почна џанам да свирит.
Тогаш ми извикал кадијата,
алал ти биле џанам момите!
И калешите, џанам, невести,
и тие сироти вдовици.
И калешите, џанам, невести,
и тие сироти вдовици.

Поврзано[уреди]