Ако само запеам

Од Wikisource
Ако само запеам
ако само заиграм,
тогаш светов запира
да ме чуе кај играм.
Ако само запеам
ако само заиграм,
мислам зветот запира
да ме чуе кај играм.
Рефрен:
Нема село ниту град
ни старец ниту млад
без да трепне на тој глас,
јас сум мома весела
в' срце песма носела
ајде да запееме,
песната ми е зборлива
играта ми е горлива
ајде да заиграме.
Кој и да ме послуша
не може да сослуша,
срце ќе си отвори
од севда ќе изгори. [x2]

Поврзано[уреди]