Аир да не сториш мајко
Изглед
- Аир да не сториш мајко
- што ме надвор даде,
- многу надалеку, мамо,
- преку црна гора.
- Преку црна гора, мамо,
- преку матна вода.
- Преку матна вода, мамо,
- во ајдучка куќа.
- Во ајдучка куќа, мамо,
- деветина браќа.
- Деветина браќа, мамо,
- горски јаблани,
- а мојот десетти, мамо,
- ем горски, ем долски.
- Везден дома седат, мамо,
- порти затворени,
- по изби се кријат, мамо,
- рујно вино пијат.
- А ко ќе се смрачи, мамо,
- порти ми отварат.
- Порти ми отварат, мамо,
- по ајдутлак идат.
- Сношти отидоја, мамо,
- сабајле дојдоја.
- По ридот тераја, мамо,
- до девет товара.
- До девет товара, мамо,
- таја бела свила,
- а десетти товар, мамо,
- чиста вода сија,
- а у вода сија, мамо,
- глава од јунака.
- Главата ми беше, мамо,
- на мојто братче.