Франце Прешерен/ Под прозорец
Изглед
(Пренасочено од Автор:Франце Прешерен/ Под прозорец)
„Под прозорец“ од Франце Прешерен |
Pod oknam |
Месечина,
полноќ мина -
бавно доцен бие ѕвон;
в срце сега
бол ме стега,
та си немам трошка сон.
Ти си крива,
љубезнива,
девојко, со срце зло.
Ти ме рани
и ми браниш
сон да најдам в својот дом.
Кај да седам
сè го гледам
постојано твојот лик;
копнеж ти си,
в срце ми си,
не те забравам ни миг.
В ноќта бела
дојди, ела -
треперат сал ѕвезди рој,
од прозорот,
дај го зборот,
да знам дал сум сакан твој?
Да ми дадеж
трошка надеж,
мавни рака ти, без глас.
Ноќ е темна,
ми те нема
што да чинам кутар јас?
В домот нејзин
ѕвездо влези,
погледај дали сон ја свил;
дали слуша,
или куша,
или мисли на друг мил?
В сон ли трае
здрав да е,
ме куша ли - не е зло!
На друг, ако мисли в мраков
жив да не сум поарно.