Прејди на содржината

Франце Прешерен/ Во спомен на Валентин Водник

Од Wikisource
„Во спомен на Валентин Водник“

од Франце Прешерен
V spomin Valentina Vodnika



В Арапсконо пусто
се излегна пиле,
во шевари густи
си живее милото.

Ѕвезди му сестрици,
а месечко брат;
либе сал птиците
не му даваат.

Не се грижат сите
ни за сите тој,
старее, се лути
в самотија своја.

Што за билје знае,
за тревје и смил
лековито да е
цвет ли кај се скрил -

в пустина го бара
без умор и здив,
со смртта се кара
додека е жив.

Па клада си ѕида
самотникот стар,
виде смрт му иде -
и се фрли в жар.

Од пламенот бавно
летна птиче в лет
феникс, име славно,
знајно во цел свет.

И поетот така
си живурка сам
од гробната мрака
слава му е плам.