Прејди на содржината

Константин Миладинов/ Писмо до Георги Раковски (2)

Од Wikisource
Писмо до Георги Раковски

од Константин Миладинов
Писмо до Георги Раковски во Белград. На современ македонски правопис.


Љубезен г. Раковски!

Еве Ви ги испраќам песните за десет тамошни претставници, кои бевте ми ги испратиле; уште испраќам за г. Т. Икономов две книги и две други за г. Панта Сретковиќ, професор на Белградскиот лицеј; уште една за правото според огласот и една друга примете од мене подарок, во знак на искреното пријателство; и Ве молам не го оставајте без внимание ова издавање и нешто спомнете во Вашиот ценет лист. Сите книги се цетрнаесет. Парите за книгите држете ги кај Вас дури до моето тамошно престојување кое се токмам да го направам после две или три недели, кога ќе имаме добар случај за многу подробности за нашата татковина да разговараме.

При надежта за скоро видување, го заклучувам писмото и останувам Ваш искрен пријател.

Загреб, 18 јуни 1861 г.

К. Миладинов