Константин Миладинов/ Грк владика на Болгарите

Од Wikisource
„Грк владика на Болгарите“

од Константин Миладинов



А бре Болгари, големи глави,
Зашчо гоните Грци владици?
Кои се криви, кои се прави,
Ела да видим, бре безбожници?

Ето ја идам у вас владика,
Ја шчо ви правам, ако ве дерам;
От срце страшна жалост ми вика,
Како да можам пари да берам.

А бре Болгари, најпрости хора,
Бре шчо ви чинам, ако ве гнетам?
Зар ми је грижа ако разора
Та чужа земја кâде ја шетам?

Сите от еднош шчо се кренахте,
И с горделиво дигнати глави,
Викнете гласно ем шчо станахте:
„Нешем (нејќим) владици Грци лукави!“

Ај ви безумни мали дечина,
Зар ви се чинит че не можиме
Да в измамиме со симичина,
И низ прстите да ве броиме!

Сите от еднош се разбудихте;
Тоа на харно не ни мириса;
Но ак' станахте шчо направихте?
Пак ја владика над глај ви виса.

И от Дунава до Бело Море
Народно сејте сегде учение
И велегласно секој говоре
Какво от наска трпи мâчение.

Право да кажа това нас плаши;
Но пак над глајте ја сол ви триа,
Да ни се живи срествата наши,
Тие работет ако ја спиа.

Шчо направиха вашите кмети,
Ако нас против в Стамбол станаха,
Нихните зборој нови клевети
Сит' европејци ги почитаха.

Гласојте ваши, глас во пустина;
Викате вие, мâлчиме ние.
Је многосложна наша машина,
На запад сеит, на север жние.

На лево вртит, на десно берит,
И ако мало фати да криви,
Но своеволно ушче та мери
Ваши житници, и наши ниви.

Книгите ваши, историја ваша
В народогубач оган фрлихме,
И будушнос ви с рâката наша
Во темен облак ви ја завихме.

Мие по наша совест правихме;
А вие љуѓе зелени борој,
Не нè разбрахте, како постâпихме,
И се стекохте веднаш как' порој;

Со ластоварки стари и млади
Сарајот мои обколисахте;
Светии владико, ах бога ради
Доста нас гибаш, сите викахте!

Биди ни татко, а мие чеда,
И под твоето земи нè крило!
А ја на криво све това гледа,
И пред вас станва страшно плашило.

Знајте, сте чули исторја страдна,
Како ја шепнах кâде шчо треби,
И сила грозна на вас нападна
И беспошчадно сите истреби.

Вистина гласот наш тро' осипна,
Не грмит јасно в нашите уши;
Но на јуначка нога ак' рипна,
Над вас зло горко ќе се разруши.

Но какв облак от запад падна?
Какви от север секајци светет,
И наша стара волја прежадна
Во извртките ишчет да сплетет?

Ето и тој шчо нас слушаше,
На, сега узна сâта вистина;
Напред со милост тој нас венчаше,
Сега наградвит горка правдина!

Народот стана со восхиштение,
И благодарност богу туриват;
Сегдека радост, сегде учение,
А наше срце в отчајание пливат.

Ах, како кутар да заборава
Нашата слава в старото време!
Надежда светла сега н' остава,
И на нас останвит чуждото племе!

Но пак как' пастир ја ваш владика,
Ја со душевно кâм вас смирение
От чисто срце, как' татко вика,
Да направиме пермирение.

„Некако јаска по напред мижех,
От вас собирах дупки да крпам;
Ако как' овчар вас тога стрижех,
Сега ќе фата просто да дрпам;

Но вие да сте слепи и неми;
Да ве огољвам и да ве мољам:
„Не зема чеда!“ велите „земи“.
И без да сака ја вас ве гољам.

Ќе речам дај ми? ти ако немаш,
Продај шчо имаш, продај си песот,
И добар биди со лихва за земаш,
Ак' твојте коси стрчет низ фесот.

Да си остајте вашето пение,
Сè шчо народно да заборајте,
Земите слепо грцко учение
И по нашата свирка играјте.“

Такви отстâпки ви направихме,
По наша совест с' чисто смирение,
И всепокорно ви ги оставихме
Да видим ваше полн' одобрение.“

Наводи

  • Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години.