Ацо Шопов

Од Wikisource
(Пренасочено од Автор:Ацо Шопов)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Список на автори: Ш Ацо Шопов
(20.12.1923 - 20.4.1982)
Видете исто така: биографија, медија, цитати.

Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 - 20 април 1982), академик, поет и преведувач. Ацо Шопов бил еден од основоположниците на модерната македонска литература. Бил уредник на литературните списанија „Иднина“, „Нов ден“, „Современост“ и др., главен уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин“ и нејзин директор. Бил претседател на ДПМ, претседател на Советот на СВП, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство и претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија. Бил амбасадор во Сенегал (1972 - 1976). Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од неговото основање (1947).

Творештво[уреди]

  • Песни (1944)
  • Пруга на младоста (поезија заедно со С. Јаневски, 1947)
  • На Грамос (поезија, 1950)
  • Со наши раце (поезија, 1950)
  • Стихови за маката и радоста (поезија, 1952)
  • Слеј се со тишината (поезија, 1955)
  • Ветерот носи убаво време (поезија, 1957)
  • Небиднина (поезија, 1963)
  • Јус-универзум (сатирични песни, 1968)
  • Гледач во пепелта (поезија, 1970)
  • Песни за црната жена (поезија, 1976)
  • Дрво на ридот (поезија, 1980)
  • Гледач во пепелта. Приредил Ристо Лазаров. „Везилка 2011“, едиција „Врвови“. Скопје, 2013.

Избори:

  • Песни (1963)
  • Раѓање на зборот (1966)
  • Песни (1967)
  • Избор (1968)
  • Златен круг на времето (1969)
  • Поезија (одбрани дела кн. 1 и 2, 1976)
  • Океанот е мал, човекот е голем (1977)
  • Лузна (1981)
  • Избор од поезијата (1987)
  • Небо на тишината (1990)
  • Гледач во пепелта (1991)
  • Поезија (избор кн.1, 1993)
  • Шопов во светот, Шопов од светот (избор кн. 2, 1993)
  • Долго доаѓање на огнот. Приредувач Светлана Шопова. Скопје: Либер-М, 1993.
  • Поезија. Избор од поезијата на Ацо Шопов. Приредувач Катица Ќулавкова. Скопје: Македонска книга, 1993.
  • Лузна = Stigmate. Избор: Јасмина Шопова. Скопје. Матица македонска, 2001. 253 стр. (македонски и француски)
  • Сенгор – Шопов : Паралели. Приредила Јасмина Шопова. Предговори : Јасмина Шопова, Амиду Сал, Ристо Лазаров. Илустрации : Христијан Санев. Скопје : Сигмапрес, 2006. 206 стр. (македонски и француски)
  • Раѓањето на зборот. Избор и предговор : Катица Ќулавкова. Битола: НИД „МИКЕНА”, 2008.

Забелешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]