Абер дојде од Прибилци
- Абер доjде од Прибилци,
- од Прибилци каj мудурот.
- Абер доjде од Jордана
- за муќета Сулеjманот.
- Абре муќе ефендијо,
- да ми купиш два мансера,
- два мансера един нумер,
- два мансера един нумер.
- Испрати ги Сапотница,
- Сапотница каj Велета.
- Сапотница каj Велета,
- каj Велета Абедина.
- А бре Jордан бре Пиперка,
- абре Jордан млад Воjводо.
- Даj ми мулвет седум дена,
- дур' да поjдам во Битола.
- Дур' да поjдам во Битола,
- во Битола, во Дебоjно.