Љубинке моме убаво

Од Wikisource

Љубинке моме убаво

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Љубинке моме убаво, леле убаво
што тажно везиш, ем плачеш
што тажно везиш моме, ем плачеш?

Дали ти се мрси конецот, леле конецот
или те мачи меракот
или те мачи моме меракот?

Не ми се мрси конецот, леле конецот
тук ме мачи меракот
тук ме мачи лудо меракот.

Сношти ми се либето армаса, леле армаса
за мојта верна другарка
за мојта верна леле другарка.


Поврзано[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.