Љубеше ме мила мајко убава Елена

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Љубеше ме мила мајко убава Елена

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Љубеше ме мила мајко убава Елена,
три години јас ја сакав,
сè остана празно.
Јас ја љубев, мила мајко,
а друг си ја зеде.

Ах, мила мајко,
зошто јас ја љубев?
Рана в' срце мила мајко
она ми остави.

Во недела мила мајко
на венчило појде,
а јас стоев, мила мајко
настрана од неа.
Дигна очи и ме виде
и солзи порони.

Ах, мила мајко,
пак ќе си ја земам,
ќе ја грабнам, мила мајко,
ако е мажена.

Па си тргнав да си одам
с' тага на срцето
и отидов, мила мајко,
право во меана.
Тага в' срце, мила мајко,
јас да заборавам.

Не се тагај, мила мајко
оти сум јас пијан.
Не се заборава, мајко
убава Елена.
Лесно не се заборава
првата ми љубов.


Поврзано[уреди]


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.