Прејди на содржината

Јас Методи Патче од Охрида

Од Wikisource

Јас Методи Патче од Охрида

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Јас Методи Патче од Охрида
ослободен од битолски затвор
па си тргнав за Охрида града
там не најдов ни мајка, ни татко
там си најдов верната бисерка
верната бисерка, маликерка.

Па си тргнав за Прилепа града
за Прилепа село Кадиново
там си најдов верната дружина
верната дружина, договорна.
Говор држи Методија Патче
напред браќа, борба да водиме.

Се зададе силната потера
силната потера, кавалерија
поарџија сите си куршуми
оставија само еден куршум.

Говор држи Методија Патче
ајде браќа да се убиеме.
Навртија пушки под брадите [2х]
прв се уби Методија Патче [2х]
а по него целата дружина. [2х]


Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.