Прејди на содржината

Јано Јанке Кумановке

Од Wikisource

Јано Јанке Кумановке

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Јано, Јанке Кумановке, мори
изгоре ме, запали ме.
С’с твоите црни очи, мори
с’с твоите гајтан веѓе.

Јано, Јанке, мори Кумановке, их!
Јано, Јанке, мори ти душманке, их!

Јано, Јанке Кумановке, мори
ил ме љуби, ил ми кажи.
Да не оду луд по тебе, мори
луд по тебе, луд за тебе.

Јано, Јанке, мори Кумановке, их!
Јано, Јанке, мори ти душманке, их!

Ил ме љуби, ил ми кажи, мори
да не гору луд по тебе.
Луд по тебе, луд за тебе, мори
направи ме суво дрво.

Јано, Јанке, мори Кумановке, их!
Јано, Јанке, мори ти душманке, их!

Јано, Јанке Кумановке, мори
изгоре ме, запали ме.
Направи ме суво дрво, мори
суво дрво јаворово.

Јано, Јанке, мори Кумановке, их!
Јано, Јанке, мори ти душманке, их!


Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.