Прејди на содржината

Објавување на Илинденското востание

Од Wikisource
Објавување на Илинденското востание

од Никола Киров Мајски
15 јули 1903 (стар стил) / 28 јули 1903 (нов стил)


15 јули 1903 г.
Главен штаб на II македонски
револуционерен округ
Врф „Победоносец“
До центровите и селските началници и народот
Браќа,

Најсетне дојде веќе денот шчо толку многу го чекафне, за да се распрајме со вековниот наш душман! Крфта на загинатите от турската тиранија на првина наши браќа високо викат да си платиме! Згазената чес на нашите мајки и сестри сакат да си дојт на место!

Доста толку маки, доста толку страм! Хилјада пати поарно смрт отколку страмен и скотски живот!

Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе требит да излезит јавно со оражие в раце спроти душманот, јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорита и долготрајна борба јет нашето спасение!

Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт за душманите!
Да јет жиф народот! Да јет жива слободата! Ура!
Ве целиваме братски
Штабот.

Извор

  • Н.К. Мајски, Илинден, Драма в пет дејствија, 1923, стр. 49