Прејди на содржината

Македонски народни песни/ Вино пијам, ем ракија

Од Wikisource
Вино пијам, ем ракија
Коња јавам, аџамија.
Коњ ме шета горе-доле,
Горе-доле низ тоа поле.
Ме однесе в ладна меана,
Во меана до три моми.
Прва точи, другата носи,
А третата мене ме гледа.
Па ја качив на коњчето,
Ја однесов право дома.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика