АСНОМ , документ 7
Изглед
Р Е Ш Е Н И Е на Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за прогласување на Илинден - 2 август - за народен државен празник на македонската држава |
Член 1
Илинден - 2 август - се прогласува за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото конечно ослободување од вековното ропство и (за) создавање на слободната и суверена Федерална македонска држава.
Член 2
Ова решение влегува веднаш во сила. Во манастирот “Св. отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија.
- Претседател: Методи Андонов -Ченто, с.р.
- Секретар: Љупчо Д. Арсов, с.р.