Прејди на содржината

Јован Цвииќ за македонските Словени

Од Wikisource
Јован Цвииќ за македонските Словени

од Јован Цвииќ
1906 година.


Нема, значи, сигурни етнографски знаци, врз основа на кои народните словенски маси би се означиле како српски или бугарски. Понатаму прашањето го компликуваат овие влијанија. Постојат национални и религиозно-национални пропаганди, и некои од нив со децении им ја наметнуваат на Македонците, особено на Македонските Словени, својата национална свест, потоа во таа смисла им го обработуваат јазикот и им ги менуваат обичаите. Во балканските држави, кои полагаат право на Македонија, со децении преку училиштата се формира интелегенција со неточни претстави за напредноста на Македонците. Секоја од балканските држави ги прибројува сите Македонски Словени кон својата народност, и тоа стана чувство на големиот дел од интелегенцијата. Поради тоа постои јавно мислење, кое во тоа за миг искрено верува. Странските автори македонското етнографско прашање го расправаа врз основа на двојствени информации.

Извор

  • Ј. Цвииќ, Проматрања о етнографији Македонских Словена, Београд, 1906, стр. 7-8