Прејди на содржината

Ѓул трендафил

Од Wikisource

Ѓул трендафил

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Ѓул трендафил у башче вило, развило.
Дошло моме, аман, аман, да го бере, оф аман,
дошло моме, аман, аман, да го бере.

Кај што брало там' заспало, се успало.
Дошло момче дилберче да го буди, оф аман,
дошло момче дилберче да го буди.

Стани, стани малој моме, лично моме.
Либето ти се посврши ем ожени, оф аман,
либето ти се посврши ем ожени.


Поврзано

[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.