Прејди на содржината

Си заљубив едно моме

Од Wikisource

Си заљубив едно моме е македонска народна песна. Песната е преработена од македонската етно група Леб и сол, на нивниот втор албум во живо насловен „Live in New York“.

Си заљубив едно моме
од малечко до големо,
дојде време да го земам, оф аман, аман,
падна моме, се разболе.
Јас отидов да ја видам,
ми побара понудица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.
Јас отидов во чаршија,
да побарам понадица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.
Ко се вратив од чаршија,
сретнав моме на носилка,
двесто давам - спуштете ја,оф аман, аман,
тристо давам - да ја видам.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]