Прејди на содржината

Песна за Деспина

Од Wikisource
Голема риџа ти чинам
ти кира Марије
и јас те поздравјам
да ми дојдеш на визита,
јас да те пречекам 2х
Не можам јас да ти дојдам
кира Катерино
и јас те поздравјам
ќе ти ја пратам сестра ми
кира Катерина. 2х
Чукна тропна на портето
кира Катерина
отвори Деспина,
не се спушти ни мајкае,
ја фати раката,
во раката меџидија
нишан за Деспина.
Нишан ти давам Деспино,
да не ме заборавиш
поминаја три години
ти ме заборави. 2х
Појди горе во одаја,
тетко Катерино
и јас те поздравјам
ем благо да си земиш,
кафе да си пиеш.
Јас благо не ви љубам,
кафе не ви пијам,
само ја сакам Деспина
за кир Ристакија. 2х
Кој го љубел бармакот
бармак,
Димитри чапкунот
тој те вртил три години
и пак не те зеде. 2х
Во сабота навечер
на осум саати
свири Караѓуле
брзо наврати порта
ти кира Маријо,
Деспина ќе ја грабиме
никој да не знае.
Немој Марие нечини
резил да не биде.
Колку ѕвезди на небото,
пушки ќе фрламе
сватови ќе донесат,
Деспина ќе ја грабиме
никој да не знае.
Немој Марие нечини
резил да не биди.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Во изведба на Ансамбл Билјана