Прејди на содржината

Ожени ме мамо, женет да одам

Од Wikisource
Ожени ме мамо, женет да одам,
Пуста беќарштина, веќе не се трпи.
Ожени ме мамо за наш'то комшивче,
За наш'то комшивче, личното Мариче.
Кога низ двор шета, босо на налани,
Тенка снага крши-срцето ми гори.
Не те женам сине оваа година,
Оваа година-голема скапија

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика