Прејди на содржината

Немој ме, мила мамо, луто да колниш

Од Wikisource
Немој ме, мила мамо, луто да колниш,
Оти сум станал мамо, младо спаивче.
Ја, спремај ми го мамо брзото коњче,
Јас ќе си одам мамо, Благино село.
Ако е Блага, мамо болна легнала,
Јас ќе се сторам мамо, младо докторче,
И ќе ја лечам мамо, без пари.
Ако е Блага, мамо за друг свршена,
Јас ќе се сторам мамо, младо касапче,
И ќе ја сечам мамо, парче по парче.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика