Македонски народни песни/ Болен лежи Миле Поп Јорданов

Од Wikisource
Болен ми лежи Миле Поп Јорданов х2
над глава му стои стара му мајка,
жално го жали, милно го плачи.
Стани ми, стани, мое мило чедо, х2
твојте другари по сокаци одат,
жални песни пеат, тебе те споминат.
Бог да го прости Миле Поп Јорданов, х2
Миле Поп Орданов за Народ загина,
за народ загина, за Македонија.
Неговите сестри в црно облечени, х2
свадба ќе прават, брата ќе женат,
брата ќе женат за Македонија.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Македонски народни песни (со аудио записи и преводи)

Во изведба на Виолета Томовска