Прејди на содржината

Дафино вино црвено

Од Wikisource
Дафино вино црвено
Момчето ти е заспало
На Каракамен планина
На сува рида без вода
Ми поминале ајдуци
Гунчето му го украле
Гунчето му го украле
В меана му го продале
В меана му го продале
За бела лута ракија
За бела лута ракија
И рујно вино црвено
Ако му го зеле гунчето
Нека ми е живо момчето
Нека ми е живо момчето

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика