Прејди на содржината

Мајка Јану к'лне

Од Wikisource
(Пренасочено од Мајка Јану к ' лне)

„Мајка Јану к‘лне“

од Македонско народно творештво
од Кумановско,запишал В.Николов.Гласник,на Етнолошкиот Музеј,1.с.297 Скопје 1960.


Мајка Јану к‘лне,
-Јано,ќеро Јано,
змија те изела,
мајка те немала
а с кога Јано,
синојка стоеше?
-Мамо,мила мамо,
не е јабанџија
аргати собира,
аргати собира
и мене ме вика.
Жетва му стасала
и е престасала
па мене ме вика
посту да им сечу,
посту да им сечу,
воду да им носу,
воду да им носу,
јужице да праву,
јужице да праву
песну да им поју.[1]


Наводи

[уреди]
  1. /files/books/Македонски народни умотворби, книга втора „Трудови семејни и хумористични песни“], Др.Марко Китевски стр.58


Надворешни врски

[уреди]