За македонцките работи/Неколку зборои за македонцкиiот литературен iазик

Од Wikisource

Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик


Во четирите горни статиiи на оваа книга iас сакаф да обрнам погледите на моiите сонародници на нуждата од iедно корено изменуаiн'е на досегашниiот процес на нашето дуовно развиiаiн'е, као и на тоа да моiите возгледи во тоi случаi не сет нешчо ноо и безосновно, а сет само чекор напред во досегашното развиiаiн'е на нашето национално самосознаiн'е и да сет затоа сосем природни и осноател'ни.

Се разбират, оти во iедна мала книга, као шчо iет оваа моiата, не се можат подробно да се разгледаат сите задирнати прашаiн'а. За секоiе од ниф би се можела да напишит по iедна цела книга. Но сега за сега от таквиiа подробни разгледуаiн'а за задирнатите питаiн'а се немат ушче голема и неотложна нужда; за тоа требаше за сите од ниф да се кажит по неколку зборои, зашчо они iедно без друго сет неiасни и неразбирливи. Осем разгледуаiн'ето на сите задирнати прашаiн'а, за да бидит iасно поiауаiн'ето на книгата, сега ке требит да се кажит неколку зборои за своiевременоста на книгата и нашиiот литературен iазик.

Мнозина, можит, ке речат, оти вистина арно iет чоек да се позамислит над прашаiн'ата, задирнати во таiа книга, но сега ушче не му iет времето. Со оваа книга, ке речат они, се носит раздор и разiединуаiн'е мег'у нас, на место соiединуаiн'ето, коiе сега за сега ни iет така нужно. За македонцка народност, македонцка литература и литературен iазик ниiе ке можиме да му мислиме само, кога к'е заживеiеме iеднаш слободен политичен живот; а до тогаi нам ни требит, ниiе да сме соiединени и да остаиме на страна националното прашаiн'е. На тоа iас можам да одгоорам само ово: по моiето мислеiн'е, сегашните, т.е. мiурштегцките реформи сет максимум, шчо можа да ископчит од Европа револуциiата. Револуциiата на пролет ке бидит наi глупаото, шчо можиме ниiе да напраиме. Со револуциiата на пролет ке се користат само нашите неприiатели, коiи си имаат само есапи, противни на нашите национални интереси. Револуциiата на пролет само ке ни унишчит совршено нас и ке унишчит плодоите, добиiени од неiа до сега, оти она ке бидит напраена не против Турцко, а против него и Реформаторцките Сили, и оти тоа ке бидит не по наши есапи, а по есапите на некоiа Голема Сила и некоiи мали балканцки држаiи, коiи ке не натераат нас да се дигниме, а после ке не остаат на стред пат; наi после, оти ниiе, ако против сите аргументи на здравиiот смисл пак подигниме востааiн'е, ке бидиме само осноа на дипломатцка борба мег'у реформаторцките држаи и некоiа трек'а, коiа борба ке се свршит само нашето понишчуаiн'е. За тоа ниiе, требит, да се откажиме от секоiа мисл'а за револуциiа на пролет, ушче поеке, шчо реформите ке се воведат, зашчо со ниф iет врзана честта на две Големи Сили, коiи сет во стаiн'е да постаат сé на своiето, - и да се зафатиме за ноа т.е. културна борба, во коiа прво место ке требит да зимат прашаiн'ето за нашата народност и нашето национално-религиозно развиiаiн'е. Значит, истом сега му iет времето да се мислит за iазико наш, нашата национална литература и воспитааiн'е во национален дух. Сега настапуат време за интерес со национално-религиозни прашаiн'а.

Тоi интерес малу iет задоцнел, но от тоа ушче не следуат, да он си немат сега место мег'у нас и да можит да ни напакостит.

Ако сме логични, то требит да признаiиме, оти автономиiата на Македониiа, за коiа до сега револуционерите се бореа, имат смисл'а само во тоi случаi, ако револуционерите согледуваа во нашиiот народ таквиiа качества и особини, коiи се немаат у друзите балканцки народи, а сет само наша характерна црта. Само согледуаiн'ето на тиiе своiеобразни црти во характерот, нравите, обичаiите, жиотот, предаiн'ата и iазикот на нашиiот народ iет важна причина да сме ниiе против делеiн'ето на нашата таткоина и за неiната автономиiа, зашчо дележот ке ни искоренит се шчо ни iет мило и ке ни наврзит много противно нешчо на нашиiот народен дух. Само оддел'ното македонцко национално самосознааiн'е каi нас ни даат морално прао, да се бориме против бараiн'ето на малите балканцки држаи, да се разделит нашата таткоина, и да се бориме против пропагандите, шчо готват почва за дележ. А ако не можит да се добиiет автономиiа, требит ли ниiе равнодушно да гледаме на работаiн'ето на пропагандите и да се бориме со iедно ноо течеiн'е, шчо iет напраено само против ниф, за тоа само, шчо тоа течеiн'е ке ослабело наi силната пропаганда? Никак не, зашчо ни iедна пропаганда, колку и да iет она силна, не можит да ни даит тоа, шчо очекуаме ниiе од неiа. Сите пропаганди сет пропаганди само на своiи, но никак не и на наши интереси, и од ниф никогаш немало нишчо особено за народот. Спасеiн'ето от пропагандите никоi пат не ке ни доiдит, зашчо, ако iет денеска iедна по силна, утре к'е се чинит и другата таква, а првата ке ослабнит. Пропагандите само наi после можат да достигнат краiната своiа цел'а - дележот, коiе не го сакаат и тиiе, шчо сет против националниiот сепаратизм. Значит, последниiот не iет неуместен во сегашните прилики, и можит да ни даит само арни плодои, но не и да ни напакостит.

Iедно си имат местото националниiот сепаратизм, то требит да се проiавит он во милоста кон се шчо iет народно, и на прво место, во милоста кон народниiот iазик.

Iазикот iет средство, со коiе ниiе познааме, шчо мислит, шчо осек'ат и шчо сакат нашиiот собеседник. Во iазикот се имаат оддел'ни гласовни знакои или зборои за сите мисли, осек'аiн'а и сакаiн'а на iеден чоек, затоа iазикот на iеден народ iет негоо дуовно богатство и наследство, во коiе се закл'учуваат, отпечатени во гласовни знакои или зборои, сите народни мисли, осек'аiн'а и сакаiн'а, со коiи имат живено и живит iеден народ и коiи се предаваат, као нешчо свето от iедно поколеiн'е на друго. Да сочуат некоi своiот народен iазик и да го бранит као светиiн'а, значит, да останит он верен на дуот на своiите предедовци и да уважаат се, шчо имаат они напраено за своiето потомство. Да се откажит чоек от своiо народен iазик значит, да се откажит он и од народниiот дух. Со тоа само се обiаснуат сакаiн'ето и усилиiата на покорителите, да напраат покорените, да се откажат от своiот iазик и да изучат на негоо место нивниiот; исто така со тоа се обiаснуат упортството на покорените народи да сочуваат сето своiе духовно народно наследство, а особито iазикот.

Таква милост кон нашиiо народен iазик требит да имаме и ниiе, ако сакаме да останиме верни на дуот на нашите предедовци. Милоста кон народниiо iазик iет наш долг и наше прао. Ниiе сме должни да милуаме нашиiот iазик, зашчо тоi iет наш, исто така, као шчо ни iет наша таткоината ни. Првите гласои шчо и имаме чуено, сет гласоите на нашите татковци и маiки, гласоите и збороите на нивниiот народен iазик. Преко ниф ниiе добифме нашата прва дуовна храна, зашчо со ниф се осмисл'уаше се, шчо видефме со нашите очи. Со народниiот iазик ниiе освоiуаме психологиiата на нашите татковци и предедовци: и се чиниме нивни дуовни последници, као шчо сме со снагата нивни телесни продолжаачи. Ако се односуаме со презреiн'е кон народниiот наш iазик, ниiе само враiк'аме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно дуовно гледаiн'е и воспитаiн'е. Ниiе имаме и прао, осем долгот, да браниме нашиiот iазик и тоа прао ни iет свешчено. Секоi, коi шчо напаг'ат на нашиiот iазик, ни iет исто таков наш неприiател', као и нападачот на нашата вера. Верата и iазикот, тоа сет душата на iеден народ, со изменуаiн'ето на коiи, iеден народ праит коренен душевен преврат: он се откажуат от се прег'ешно и земат сé ноо. Тоi коренен преврат, ако стаат постепено во течеiн'е на цели векои, не iет опасен, зашчо iедни делои од него се односуваат до iедни поколеiн'а, друзи до друзи поколеiн'а, така да iедни делои преминаваат по наследство, као народно наследиiе, и само некоiи сет нои. Тоi коренен преврат не iет опасен само, ако iет резултат на самостоiното развиiаiн'е на народот.

Но, ако iеден народ изменуат своiот iазик и своiата вера во iедно касо време и под силно чуздо влиiаiн'е, сам без сознааiн'е однесуаiк'и се кон таiа измена, то он се откажуат от сам себе и от негоите интереси и предаат и себе и ниф на iеден по силен народ, коi шчо ке постапит со него и ниф, како шчо ке му се заблагорасудит. Значит, да се откажит iеден народ от своiот iазик, се велит, да се откажит он и от сам себе и своiите интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своiи очи, да судит за себе и за друзите со своiот ум и разум, а да чекат укажаiн'е за сé от страна. Iеден народ, коi шчо изгубил своiот iазик, мiасат на iеден чоек, коi шчо изгубил патот и не знаiит oт каi идит и каi одит, и коi шчо не знаiит, зашчо одит вамо а не онамо или тамо. Колко во по скоро време iеден народ изменуат своiот iазик, толко по опасно и отчаiано iет негоото положеiн'е. Опасноста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нивно место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме сите и дозволени и недозволени стредства, за да сочуаме нашиiот народен iазик, и со него нашите народни интереси. При тоа ниiе не сакаме туг'о, а си браниме своiето.

Iазикот iет акустичен резултат од физиолошко работеiн'е на органите на чоечката реча, на коi шчо му се приписуат извесно значеiн'е. Главните елементи на iазикот или чоечката реча сет: органите на речата, нивното физиолошко работеiн'е, слуот, псиолошкото восприiимаiн'е на физиолошкото работеiн'е на органите преко слуот, и присоiединуаiн'ето кон восприiиманиiот резултат на физиолошкото раiботеiн'е на органите на речата или гласот, или зборот, некоiе значеiн'е. Значит, iазикот главно iет физиолошко-психолошка способност на чоека, и као таква зависит от се тоа, шчо праит да се менит чоек, т.е. со развиiаiн'ето на iеден чоек и iеден народ се развиiат и негоиiот iазик, со нивното опаг'аiн'е опаг'ат и нивниiот iазик. Чоек се менит во време и пространство: исто така се менит и негоиiот iазик. Променеiн'ата во iазикот на iеден народ во време состауваат историiата на iазикот на тоi народ, а променеiн'ата негои во пространство составуваат негоите современи вариациiи или диiалекти, поддиiалекти, гоори, подгоори и пр.

Секоi народен iазик имат своiа историiа и своiи современи вариации или диiалекти, поддиiалекти и пр. Своiа историiа и вариации имат и нашиiот iазик. По таiа историiа можит да се изучит, како сегашните вариации се добиiа от по стари и последните од iеден обшч македонцки iазик, а тоi од iедна iужнословенцка група и пр. Исто така по неiа можит да се проследит на коiа вариациiа, или на коi диалект; во коiе време имало по голема литература.

Историiата, како на нашиiот, исто така и на друзите iазици, ни покажуат, оти секоi диалект, поддиалект, гоор и подгоор, можит да се употребуат во литературни произведеiн'а. Таiа привилегиiа на iеден диалект, поддиалект и пр. - да бидит орган на литературна реча - по учеiн'ето на историiата на iазиците, се даат ним, не по некакви особени естетични преимушчества, а по чисто практични причини, т.е. по стечеiн'ето на историко-културните прилики. Тиiе прилики денеска подигаат iедно наречиiе на степен на литературен iазик, утре друго и пр. Историко-културните прилики во создааiн'ето на литературни iазици гооподствуваа секоаш, господствуваат они и сега. Благодареiн'е ним во наi ноо време се откажафме да си избериме iедно од нашите наречиiа за наш обшч литературен iазик, а наместо тоа зедофме да се учиме и да пишиме на туг'ите саседни iазици, наi поеке на бугарцкиiот. Благодареiн'е на приликите сега ниiе си избираме за обшч литературен iазик, централното македонцко, т.е. Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Охридцко наречиiе.

Коiи сет тиiе историiцко-културни прилики, шчо не застауваат: прво, да си создааме своi литературен iазик и второ, да избираме имено центарлното наречиiе?

Ето коiи.

Ниiе видофме колку сет народните интереси тесно врзани со iазикот, а последниiот со характерот и дуот народен. Ниiе видиме сега, оти три национални и религиозни пропаганди во нашата таткоина се борат iедна против друга и сите заiедно се борат против нас и нашите интереси, сакаiки да им нанесат смртен удар и да си и потчинат под себе, зимаiки, со таiа цел'а религиозното и сколиiцко работеiн'е каi нас, во своiи раци преко црквата и сколиiата за да нанесат смртен удар на нашата народност, ни налагаат на нас нивниiот, наместо нашиiот iазик. Народните интереси ни налагаат за да ѝ зашчитиме ниф, да браниме нашиiот iазик од пропагандите. Тоа бранеiн'е ке бидит успешно и ке размрсит сите планои на пропагандите, ако бидит задружно и обшчо. А за да бидит такво, требит со обшчо согласиiе да се изберит iедно наречиiе за обшч македонцки литературен iазик. Согласиiе ке имат, ми се чинит, само ако секоi од нас праит избор не по некакви естетични сообразуаiн'а и не по чисто местни причини, а од гледишче на обшчите интереси. Последните пак налагаат: перифериiцките наречиiа, да отстапат место на централното. Како шчо во iедна држаа се имат држаен центр, коi шчо наi арно iет да се нааг'ат во стредината на држаата и кон коi шчо се собираат сите конци од државниiот жиот, исто така и во iазиковните или области от сродни наречиiа требит да се имат iеден центр, коi шчо по значеiн'ето негоо требит да се односуат кон перифериiцките наречиiа и гоори, као шчо се односуат центрот и столицата на држаата кон краiните окрази и околиiи. Около централното наречиiе требит да се групираат сите наши научни и литературни сили, за да го очистат и обогатат со сокроишча од друзите македонцки наречиiа и да создадат од него iеден убав литературен iазик. На него требит да се создадит iедна богата сколиiцка, научна и убаа литература, за да можит преко ниф да се раширит низ цела Македониiа во вид на литературен iазик, коi шчо ке изместит од неiа пропагандцките iазици. А заiедно со изместуаiн'ето на пропагандцките iазици и со создааiн'ето наш литературен iазик, се изместуваат од Македониiа и интересите на балканцките држаици и нивното место ке го застапат создадените со iазикот македонцки интереси.

И така, користа, шчо ке ни iа даит нашиiот обшч литературен iазик, ни служит за мерило при избираiн'е наречиiа за таiа цел'а, и она iет главниiот фактор при создааiн'ето на нашиiот нов литературен iазик. При возвишааiн'ето на iедно наречиiе на степен на литературен iазик, никога немаат играно важна рол'а негоите естетични своiства. Тоа iет iедно, зашчо практичните сообразуаiн'а зимаат врф над естетичните, а друго, зашчо последните сет односител'ни и поеке субiективни. По таiа причина, по убаи се чинат на чоека готоо само тиiе наречиiа и гоори, шчо и слушат он или и имат слушано по често. За тоа и не можит да се зборит за естетичност во iазикот, диалектите и гоорите.

Значит, iеден македонец од источна, или северна, или iужна, или западна Македониiа немат прао да се противит да бидит избрано централното македонцко наречиiе за литературен iазик само зато, шчо не им се чинело убао. Немаат прао они да протестираат против централното наречиiе и за тоа шчо iет оно централно као и зашчо изборот се праит по практични соображеiн'а.

Сега да видиме, али избираiн'ето на централното наречиiе за литературен iазик се оправдаат от практично гледишче?

Битол'а се избират за резиденциiа на Генералниiот Инспектор за Македониiа и негоите советници - цивилни агенти. Она се обрак'ат во престолнина за Македониiа. Таiа ноа престолнина не iет далеку от старите: Преспа и Прилеп, и од седалишчето на до неодамна автокефалниiот Оридцки Архиепископ. Значит, централното наречiие имат зад себе, така да се речит, историiцки праа. Последните се основаат и на негоото централно положениiе, коiе iет, како во географцки, така и во етнографцки однос. Централен град во Македониiа ни iет Велес. От тоi центр географцки, ниiе само мало се оддалечуаме, идеiки преко Прилеп кон Битол'а и Орид. Таков праец при оддалечуаiн'ето од географцкиiот центр се обiаснуат со тоа, оти тиiе краiишча сет от по големо историiцко значеiн'е за Македониiа, а од друга, сет по оддалечени и от србцкиiот и бугарцкиiот iазикои центри, состауаiки от себе македонцки iазиков центр. И вистина диалектот Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Оридцки iет iатката на македонцкиiот iазик, зашчо на запад од него iет Дебранцкиiот (рока), на iуг - Костурцкиiот (ронка), на исток - источниiот или Солунцкиiот (ръка) и на север - Скопцкиiот или северниiот (рука).

Создааiн'ето литературен iазик iет дуовна потребност каi нас, со коiа се мислит да се клаит краi на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси, и со коiа требит да се создаит своi литературен и научен центр, за да се немат нужда од Белград и Софиiа. А та тешка задак'а ке се достигнит само, ако македонецот от северна Македониiа подаит рака на своiот брат од iужна Македониiа, и македонецот од источна Македониiа подаит рака на тоi од западна. Подадените раци к'е се прекрстат около Прилеп -Битол'а .

И така: стремеiн'ето на македонците да создадат своi културен центар; тоа шчо сега Битол'а се чинит престолнина на Македониiа; шчо Битол'а, Орид, Прилеп сет историiцки места за македонците; као и тоа, шчо состауваат они географцки и iазичен центр; сите заiедно праат да се приiимит, као обшч македонцки литературен iазик, централното македонцко наречиiе.

Откако се изберит наречиiето, коiе имат да бидит македонцки литературен iазик, ке требит да се разгледат и прашаiн'ето за македонцкиiот праопис. За праописот као и за праецот на нашето културно развиiаiн'е ке требит тука да се напраат неколку забелешки. Праописот на iеден iазик, као и изработуаiн'ето на iеден литературен iазик можит да идит постепено и полусознател'но. Iеден чоек од iеден народ, шчо немат пиоменост, можит да изучит азбуката од iеден народ по културен од негоиiот. Тоi чоек можит да употребуат туг'ата азбука и за гласои од негоиiот iазик, или да изложит своiите мисли со помок'та на туг'а азбука. Но ако во негоиiот iазик се имаат гласои, коiи се немаат во iазикот, от коi шчо се позаiмуат азбуката, тогаi позаiмуачот на туг'ата азбука ке напраит некоiи изменеiн'а и дополнеiн'а во неiа, со коiи ке бидит означена разликата во гласоите мег'у двата iазика. Таiа позаiмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предаiн'ето сé се изменуат и се дотеруат до своiствата на iазикот на позаiмуачите. Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките у по некултурните народи од додир со по културни народи. Но таква постепеност имат место, ако два саседни народи сет во не iеднакви политични прилики, ке се речит, iедниiот, т.е. по културниiот народ гооподаруат, а другиiот, по некултурниiот народ iет заробен, или наi малу немат полна политична слободиiа. Но инак одат работите, ако двата народи имат своiи држаи. Во таков случаi позаiмуаiн'ата, особено културните, биваат по сознател'но и по скоро. Така рисiанството и писменоста каi нас македанците се имат зафатено наi рано от сите словенцки народи. Они се распространуваа со векои и идеа одоздолу на горе. За тоа во историiата нишчо не се зборуат за покрстуаiн'ето на нашиiот народ. Но со покрстуаiн'ето секоi пат имат идено и писменоста. Со замолчуаiн'ето на нашето покрстуаiн'е се замолчуат и процесот на образуаiн'ето на нашата пиеменост. И така нашето дуовно препородуаiн'е и просветеiн'ето каi нас, па и изработуаiн'ето на нашата писменост, заради географцките и историiцки прилики, имаат земено во првата ил'адогодишнина по Р. Хр. инаков ход, а у друзите праославни словени инаков. Каi нас тоа се извршуат постепено и незабележано, каi ниф брзо и со извесна тенденциiа.

От турцкото завоiуваiн'е на Балканцкиiот полуостров стана iедна премена. Турцкото господство ни пресече сите врски со нашата старина. Наi тешко се отрази оно на Македониiа, као централна провинциiа, па затоа во тоа време, кога у друзите праославни словени постепено се изработуаше писмениот iазик и праописот, ниiе се поеке се обезличаафме и готоо сосем се откажафме од нашиiот iазик, као орган на литературна реча. Од време на време во течеiн'е на цел XIX век ниiе имаме опитуачки да се пишит на македонцки, но зарди некоiи историiцки причини тиiе опитуачки не се овенчаа со успеф, каков би можело да се очекуат од ниф.

Литературните опитуачки на македонцките писачи во XIX век немаа за жалост таков значаi, да задобиiат последуачи, затоа, ако и сега во XX в. видиме некоiи опитуачки да се пишит на македонцки, то тоа се не праит сознател'но и од некакви патриотични влечеiн'а и цели, а само за забаа. Во тоа се состоит разликата во нашето, т.е. македонцкото дуовно-национално возродуаiн'е, от тоа на друзите праославни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по напред ниiе постепено и први се просветуафме со рисiанство и со писмо, а друзите словени - после нас и на брзо, така пак сега, во тоа време, кога сите праославни словени постепено си изработиiа своiи литературни iазици, своiи богати литератури и постепено изработени праописи, ниiе остааме назад от сите, туку речи, без литературни традициiи, не затоа, шчо и немаме, а зашчо заборааме своiето, изучааiки туг'ето.

Ниiе сега со брзина ке требит да разработиме нашиiот литературен iазик, да устаноиме нашиiот праопис и да создадиме iедна наша литература, коiа ке одгоарат на сите наши нужди. Со нашето сегашно национално возродуаiн'е ниiе се протиостааме на друзите праославни, словени, као шчо се протиостаафме и напред: тогаi бефме први во дуовното препородуаiн'е, коiе каi нас беше бавно, а каi ниф скоро, сега наопаку; тогаi они нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденциiа и брзина, сега наопаку.

Во зависност от тоа, како се имат развиiано iеден народ и негоиiот iазик и праописот можит да бидит различен. Ако iеден народ само постепено си изработуат своiето писмо и него го преработуат и притоа во негоата историiа се немаат таквиiа собитиiа, шчо iа преполоуваат и праат цела пропаст мег'у iедната, т.е. старата и другата или ноата неiна полоина, - писмениiот iазик и праописот содржаат во себе много таквиiа особини, коiи немаат реална вредност во гласоите на сегашното стаiн'е на iазикот. Но, ако во историiата на културното развиiаiн'е на iеден народ се имаат два периода, мег'у коiи се имат iеден, као треки, но коi шчо iет период од застоi и iет као непрелазна стена мег'у ниф, - тогаi во новиiот период на развиiаiн'ето на националното самосознааiн'е имаме препорадуаiн'е на народниiот дух, коiе стаат вистина на стара осноа, но во него влиiаат много нои начела, согласно со дуот на времето и со специалните потреби на народниiот жиот и негоите проiауаiн'а. Тоа препородуаiн'е се одбележуат и во книжниiот iазик и праописот: како iедниiо, така и другиiот сет горе долу слободни од некоiи традициiи, коiи не сет согласни со современото стаiн'е на разгоорниiот iазик.

И така историiата на културното развизаiн'е на народите, согласно со неiниот ход, содеiствуват: или на чисто етимологиiцки или историiцки праопис, или на бркан - етимологиiцко-фонетичен или историiцко-фонетичен, или наi после на чисто фонетичен праопис. Трите вида от праопис зависат от по големата или по малата приврзаност кон старото или ноото стаiн'е на iеден разгоорен или литературен iазик. Iедеiн'от от трите праописа се усвоiуат за iеден литературен iазик у iеден народ, шчо се возродуат, главно во зависност от та тенденциiа, шчо госпоствуат при народното возродуаiн'е.

Iедно iет така, то и нашиiот праопис и праецот на нашиiот литературен iазик ке требит да бидат во полна зависност од та тенденциiа, коiа ке не раководит нас при нашето национално возродуаiн'е. Каква можит да бидит таiа тенденциiа се видит от таiа книга. Но iас ке си дозвол'ам да повторам. Она iет: прво, Македониiа да се неутралисат за Бугариiа и Србиiа и да се оддалечит iеднакво од двете држаи и друго, она требит да се обiединит на iазична осноа. Тиiе принципи ке ракоодат изработуаiн'ето на литературниiот наш iазик; они ке ракоодат и праописот. На тиiе два принципа одгоарат: 1, Прилепцко-Битол'цкото наречиiе за литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазици, и централно во Македониiа. 2, фонетичниiот праопис со употребените во таiа книга писмени знакои и со мали отстапки на етимологиiата и 3, речничниiот материiал да iет собраiн'е от сите македонцки наречиiа.