Македонски народни песни/ Го фатиле клети Турци едно моме
Изглед
(Пренасочено од Го фатиле клети Турци едно моме)
- Го фатиле клети Турци
- едно моме најубаво
- го фатиле клети Турци,клети Турци
- најубаво во селото.
- Му врзале двете раце
- двете раце наопаку
- му врзале двете раце,двете раце
- двете раце наопаку.
- Кажи кажи лично моме
- кај се крие Гоце Делчев?
- Кажи,кажи лично моме,лично моме
- кај се крие Гоце Делчев?
- И да умрам да загинам
- јас за Гоце не кажувам!
- И да умрам да загинам,клети Турци
- јас за Гоце Не кажувам!
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |