Македонски народни песни/ Бог да го убие мамо
Изглед
(Пренасочено од Бог да го убие мамо)
- Бог да го убие мамо, бог да го убие,
- Комшичето мамо, терзичето, леле,
- Комшичето, мамо, терзичето.
- Тесно ми го скрои мамо, тесно ми го скрои,
- Елечето мамо, џамаданчето, леле,
- Елечето мамо, џамаданчето.
- Оф, аман, оф, љубов,
- Оф, тенка половина, за комшичето, леле,
- Оф, тенка половина за комшичето.
- Тесно ми го скрои мамо, поарно ми стои,
- Елечето мамо, џамаданчето, леле,
- Елечето мамо, џамаданчето.
- Оф аман, оф, љубов,
- Оф, тенка половина, за комшичето, леле,
- Оф, тенка половина, за комшичето.
- Дај ме мори мила мамо, дај ме мила мамо,
- За комшичето мамо, за терзичето, леле,
- За комшичето мамо, за терзичето.
- Оф, аман, оф, љубов,
- Оф, тенка половина, за комшичето, леле,
- Оф, тенка половина, за комшичето.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |