Македонски народни песни/ А бре Петруш, кајметли Петруш
Изглед
(Пренасочено од А бре Петруш, кајметли Петруш)
- А бре Петруш, кајметли Петруш,
- што ти веле твојта aрмасница,
- твојта армасница, џан бела Велика,
- А бре Петруш, кајметли Петруш,
- што ти вели твојо ти вујко
- ај ќе ојме, на града Солуна.
- Да купиме тенко бело платна
- да носиме на горните села
- на горните села, на дојрански моми.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |
Поврзано
[уреди]Надворешна врска
[уреди]Песната е од село Коњари, Солунско.