Македонски народни песни/ А бре, Македонче, каде се спремаш

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
А бре, Македонче,
Каде се спремаш?
Борба те чека,
Борба за слобода.
Момци накитени,
Моми наредени,
В борба ми влагат.
Борба за слобода.
Нека разберат,
Крвави фашисти,
Македонско име,
Нема да загине.

Надворешни врски[уреди]


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.