Македонски народни песни/ Ај засвирете ми чалгии

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ај засвирете ми нешто чалгии,
Една песна мераклиска,
Да се сетам на младоста,
Да се врати в срце радоста.
Свирете ми чалгии,
Свирете ми си од срце,
празник ми е на душава,
Денес плчам за младоста.
Ај засвирете ми чалгии,
Една песна како животот,
очи, солзи да наполнат,
душа моја да олеснат.
Свирете ми чалгии,
Свирете ми си од срце,
Празник ми е на душава,
Денес плачам за младоста.


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика